hArt.mk со професионален квалитет бесплатно ги доставува нарачките. Испораката ја добивате до врата на адресата што ќе ја наведете, во рок од 1 до 3 работни дена, во време што ќе го договорите со нашиот доставувач. Испораките за градот Скопје се вршат со сопствената курир служба на hArt.mk, за останатите градови и населени места во Македонија со курир службата Eco Logistic Service.
Производот што сте го нарачале од hArt.mk можете да го вратите и да добиете поврат на средствата во рок од 14 дена од датумот кога ви е испорачан.
За да го остварите ова право, испратете барање на електронската адреса office@hart.mk, во кое ќе ги наведете вашите име, презиме и адреса; датумот кога сте ја направиле нарачката; како и податоците за банкарската сметка на која што сакате да ви бидат вратени средствата.
Откако од наша страна ќе биде преземен производот што сакате да го вратите, ќе ви бидат префрлени средствата од нарачката.
Ова право не може да се искористи во случај производот да е оштетен. Состојбата на производот купувачот треба да ја провери во моментот на испораката, и да реагира кај доставувачот ако производот е оштетен.