Често поставувани прашања

  • Во кој рок ќе ми биде испорачана нарачаката?

Испораката ја добивате на адресата што ќе ја наведете при нарачката, во рок од 1 до 3 работни дена, во време што ќе го договорите со нашиот доставувач.

  • Дали испораката на нарачката се наплаќа дополнително?

hArt.mk ги доставува нарачките бесплатно, со професионален квалитет.

  • Што доколку сакам да го вратам купениот производ?

Производот што сте го нарачале од hArt.mk можете да го вратите и да добиете поврат на средствата во рок од 14 дена од датумот кога ви е испорачан. За да го остварите ова право, испратете барање на е-адресата office@hart.mk, во кое ќе ги наведете вашите име, презиме и адреса; датумот кога сте ја направиле нарачката; како и податоците за банкарската сметка на која што сакате да ви бидат вратени средствата. Откако од наша страна ќе биде преземен производот што сакате да го вратите, ќе ви бидат префрлени средствата од нарачката. Ова право не може да се искористи во случај производот да е оштетен. Состојбата на производот купувачот треба да ја провери во моментот на испораката, и да реагира кај доставувачот ако производот е оштетен.

HomeCategoriesWishlist
Search