Опис
Во тек на животот на Ernest Hemingway, неговата слава како авантурист речиси ја засенувала застрашувачката репутација што ја уживал како писател. Овие две страни од личноста на нобеловецот се длабоко испреплетени, формирајќи ги многуте слоеви на неговиот беспоштедно возбудлив, богат живот.
Hemingway: The Adventurer на Montegrappa ги отелотворува и двете: и концизната моќ на неговиот книжевен стил, и неговиот легендарен авантуризам. Овој инструмент за пишување одава почит на клучното поглавје од животот на Hemingway – неговите патувања низ Африка на кои се втемелени модерните идеали за сафари авантурите. Целото ‘мускулесто’, сребрено тело на Hemingway: The Adventurer, е украсено со африканска иконографија, алудирајќи на познатиот автобиографски сафари извештај на писателот, „Зелените ридови на Африка“ (1935). За да се долови мистиката на неговото доживување на африканскиот континент, на микробрусените сегменти од инструментот се спојуваат племенски шари со величествени мотиви од диви животни.