Опис
Имитирајќи ја силуетата на величествениот баобаб, инструментите за пишување од колекцијата WILD: Baobab упатуваат на дрвото кое е икона на африканскиот континент, и во себе може да складира неверојатни 120.000 литри вода. Овој инстинкт за преживување на баобабот е како создаден да биде мотив на колекцијата во чија срж е заштитата на природата. Соодветно, Montegrappa за овие инструменти за пишување користи уникатна артизанска смола, целосно рачно изработена во погон на Montegrappa, со значајно помал јаглероден отпечаток од индустриските смоли. Налив перото, ролерот и пенкалото од колекцијата WILD: Baobab, достапни во лимитирани едиции од по 999 парчиња, се резултат на соработката на Montegrappa со данскиот брачен пар фотографи на дивиот свет, Uri и Helle Løvevild Golman, чие мото е: „Она што го сакаш го заштитуваш“.