Опис
WILD: Savannah Sunset е колекција инструменти за пишување што ја евоцира возбудливата романса на моментот кој фотографите на дивиот свет го нарекуваат „златен час“ – периодот пред зајдисонце, кога светлината е помека и поцрвена. Под мотото „Она што го сакаш го заштитуваш“, а кое се однесува на напорите за заштита на последните живеалишта на дивиот свет, Montegrappa соработува со фотографите на National Geographic, Helle Løvevild Golman и нејзиниот маж Uri, кои стекнале углед не само со пронаоѓање на исклучително ретко видени диви животни, туку и со нивно успешно фотографирање. За да ја пренесе пораката, Montegrappa оваа колекција ја изработува од ексклузивна серија од нејзината артизанска смола Montegrappite, со мешавина од бои кои ја доловуваат африканската наелектризирана вечерна атмосфера, кога предаторите ловат. Целиот процес на изработка на оваа смола е рачен и се одвива во погон на Montegrappa, со што се избегнува цената што би ја платила животната средина при користење на индустриски смоли. Налив перото, ролерот и пенкалото од колекцијата WILD: Savannah Sunset се лимитирани едиции од по 999 парчиња.