Услови за користење
hArt.mk е специјализирана on-line продавница за производи со премиум квалитет, достапни за нарачка само преку оваа веб-страница.
hArt.mk го има правото да ги менува објавените податоци на веб-страницата според условите и потребите, без претходно известување на корисниците.
Производителите и авторите однапред ги имаат одобрено условите за продажба на нивните производи и дела на hArt.mk.
Носител на правата на сите содржини објавени на hArt.mk е ТХЕ АРТ ОФ САЛЕС ДООЕЛ Скопје.
Корисничка поддршка
За сите прашања во врска со производите на hArt.mk контактирајте нѐ на office@hart.mk.
Бесплатна испорака и враќање
hArt.mk со професионален квалитет бесплатно ги доставува нарачките. Испораката ја добивате до вратата на адресата што ќе ја наведете, во рок од 1 до 3 работни дена, во време што ќе го договорите со нашиот доставувач.
Производот што сте го нарачале од hArt.mk можете да го вратите и да добиете поврат на средствата во рок од 14 дена од датумот кога ви е испорачан.
За да го остварите ова право, испратете барање на електронската адреса office@hart.mk, во кое ќе ги наведете вашите име, презиме и адреса; датумот кога сте ја направиле нарачката; како и податоците за банкарската сметка на која што сакате да ви бидат вратени средствата.
Откако од наша страна ќе биде преземен производот што сакате да го вратите, ќе ви бидат префрлени средствата од нарачката.
Ова право не може да се искористи во случај производот да е оштетен. Состојбата на производот купувачот треба да ја провери во моментот на испораката, и да реагира кај доставувачот ако производот е оштетен.
Безбедно плаќање
Начинот на плаќање на hArt.mk ги задоволува највисоките безбедносни стандарди за on-line плаќање.
Заштита на приватноста
hArt.mk ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци, доследно почитувајќи ја соодветната законска регулатива.
Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за приватност и заштита на личните податоци.