Политика за приватност и заштита на личните податоци на hArt.mk


Грижата за приватноста, односно за заштитата на личните податоци на нашите корисници што ја преземаме како ТХЕ АРТ ОФ САЛЕС ДООЕЛ Скопје, ни е приоритет во оправдувањето на нивната доверба.

Во продолжение ве молиме прочитајте ја нашата политика за приватност, со која целосно и транспарентно ве запознаваме со начините на кои ги собираме, употребуваме и заштитуваме вашите лични податоци при користењето на нашата е-продавница достапна на www.hart.mk, како и на нашите профили на социјалните мрежи и е-поштата што ви ја испраќаме.

Секоја активност поврзана со вашите лични податоци ТХЕ АРТ ОФ САЛЕС ДООЕЛ Скопје ја спроведува во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Видови податоци кои ги собираме

Кога ја посетувате нашата веб-страница или се поврзувате со нас на друг начин, собираме два вида на податоци, лични и технички. Вакви податоци добиваме кога пристапувате на hArt.mk, ја користите или купувате производи на веб-страницата, отворате и одговарате на е-пошта што сме ви ја испратиле, контактирате со нашата корисничка поддршка, се поврзувате со hArt.mk преку социјалните мрежи, посетувате веб-страници каде што се прикажуваат наши содржини или реклами.

Лични податоци се податоци преку кои може да се идентификува одреден корисник. За одредени активности неопходни за функционирањето на hArt.mk, а кои бараат идентификација на корисникот, може да побараме од вас да обезбедите одредени лични податоци, како име и презиме, поштенска адреса, адреса за е-пошта, телефонски број и датум на раѓање. Кога нарачувате производи од hArt.mk ние немаме пристап до податоците што ги внесувате при плаќањето, туку се испраќаат преку безбедна врска до сертифицираниот центар за процесирање трансакции со платежни картички, односно до конкретната банка.

Покрај за основната дејност на hArt.mk како е-продавница, вашите лични податоци ги користиме и за да го оптимизираме нејзиното функционирање, во смисла на подобрување на корисничкото искуство, на олеснување на правењето нарачки, на прилагодување на понудата на содржини и производи, на рационализација на маркетиншко-промотивната комуникација, за остварување на административните задачи.

Технички податоци се податоци кои не го идентификуваат корисникот. Тука спаѓаат податоците како еднообразен пронаоѓач на ресурси (Uniform Resource Locator – URL) на веб-страницата што сте ја посетиле пред и после пристапувањето и користењето на hArt.mk; потоа на страниците кои ги посетувате на hArt.mk и времетраењето на тие посети; поимите што сте ги користеле за пребарување на нашата веб-страница; интернет пребарувачот и plug-in-ите што ги користите, вашата интернет протокол (Internet Protocol – IP) адреса, видот на уред од кој пристапувате.
Овие технички податоци се собираат автоматски при посетите на hArt.mk преку е- алатки за идентификација од овој вид, како што се таканаречените „колачиња“ (cookies).

Имате слобода на избор во однос на чувањете и користењето на податоците

Без разлика што податоците ги користиме за подобрување на вашето корисничко искуство, што е и во наш најголем интерес, и притоа целосно ја почитуваме законската регулатива, вие во секое време можете да одберете да ограничите кои податоци ги давате или воопшто да не давате податоци. Секако можете да ја ограничите и комуникацијата што hArt.mk ја има со вас.

За пораките од hArt.mk преку е-пошта

При регистрацијата за добивање е-билтени (newsletters) од hArt.mk можете да изберете дали сакате да добивате и информативно-промотивни пораки на вашата адреса за е-пошта. Доколку сте се пријавиле за добивање информативно-промотивна е-пошта, тоа можете да го откажете по желба, со кликнување на копчето „Одјави се“ („Unsubscribe“) кое се наоѓа најдолу во секоја е-порака што ја добивате од нас, односно со следење на инструкциите за комплетирање на одјавувањето. Ако се откажете од добивањето информативно-промотивни е-пораки, ве молиме да имате предвид дека и натаму ќе добивате непромотивна е-пошта поврзана исклучиво со нашата обврска да ви обезбедиме увид во евентуално извршените трансакции или активности на вашиот профил на hArt.mk.

Политика за користење колачиња

При првото пристапување до нашата веб-страница се појавува попап прозорец (pop-up) со информација дека користиме колачиња. Доколку го кликнете копчето „Се согласувам“ или го затворите прозорецот и продолжите да го користите hArt.mk, тоа значи дека сте ја разбрале и сте се сложиле со употребата на колачињата како што е објаснето во овој документ. Споменатиот попап прозорец нуди и опција/копче „Поставки за колачиња“ преку која можете да изберете кои колачиња со информации за вашата посета на hArt.mk ќе бидат зачувани. Ако кликнете на ова копче (Поставки за колачиња) ќе се отвори нов прозорец каде има кратки објаснувања што ќе ви помогнат да го направите вашиот избор. Детално објаснување за видовите на колачиња можете да прочитате во овој документ. Дадената согласност за користење колачиња можете да ја откажете во секое време.

Колачиња се текстуални датотеки со мало количество податоци, а веб-страниците ги користат за подобрување на корисничкото искуство. Се зачувуваат во веб-пребарувачот, односно уредот од кој пристапувате до одредена веб-страница и овозможуваат истиот да биде препознаен при следната посета (на веб-страницата). Колачињата ги зачувуваат информациите за вашите поставки или преференции, овозможувајќи веб-страницата да ви понуди оптимизирано корисничко искуство.
Колачињата поставени од нашата веб-страница се „колачиња од прва страна“ (first-party cookies), додека останатите се „колачиња од трети страни“ (third-party cookies). Под трети страни се мисли на огласувачи или аналитички системи кои поставуваат колачиња за овозможување на функционалности на веб-страницата од видот на рекламирање, поврзување со социјални медиуми, аналитики. Kолачињата од трети страни се во надлежност и одговорност на нивните поставувачи.

Колачиња што ги користи hArt.mk

Неопходни колачиња (necessary cookies) се, како што кажува самото име, колачиња без кои веб-страницата не може да функционира правилно во целост. Се работи за колачиња кои ја овозможуваат основната намена на веб-страницата, како навигација, користење на кошничката за купување (shopping cart), наплата.

Колачињата со преференции (preferences cookies) овозможуваат веб-страницата да ги запамети изборите што сте ги направиле при претходните посети, како јазикот што го преферирате или регионот во кој се наоѓате.

Статистичките колачиња (statistics cookies) помагаат да се разбере како посетителите ја користат веб-страницата со цел да се подобри нејзината функционалност. Овие колачиња собираат податоци анонимно, и преку ниту еден од овие податоци посетителот на веб-страницата не може да биде идентификуван.

Маркетиншките колачиња (marketing cookies) се користат за следење на движењето на посетителите низ веб-страниците, обезбедувајќи рекламите да бидат прилагодени, односно релевантни за поединечниот корисник.

Колачињата за социјални медиуми (social media cookies) се користат за поврзување на веб-страницата со платформа на социјален медиум, вклучително и за маркетиншки цели. Во случајов трета страна, поставувач на овие колачиња, е одреден социјален медиум, со своја политика за приватност/користење на колачиња, за која можете да се информирате.

Web beacon е технологија што ја користиме паралелно со колачињата за да дознаеме како посетителите ја користат веб-страницата или како пристапиле до неа (преку социјална мрежа, преку веб-банер прикажан на друга веб-страница или на трет начин). Вака добиените информации помагаат да ги подобриме карактеристиките на нашата веб-страница и на рекламирањето.

Услови под кои единствено може да ги споделиме податоците

hArt.mk гарантира дека нема да ги сподели вашите лични податоци со други лица, освен во следниве случаи:
– на компанија за достава на нарачан производ од hArt.mk ќе ѝ бидат доставени податоците неопходни за да ја изврши испораката;
– на надлежна институција во рамките на судска постапка.

Со наши соработници – огласувачи и маркетинг компании, може да споделиме технички (не лични) податоци.

Како ги собираме податоците

Податоци од вас добиваме кога креирате кориснички профил на hArt.mk, нарачувате производ или на друг начин ја користите веб-страницата, како и кога отворате/одговарате на електронска пошта што сме ви ја испратиле. Друг начин на собирање на податоци е преку колачиња (погоре наброени со придружно објаснување).

За безбедноста на податоците

hArt.mk ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап или нивна злоупотреба. Притоа ги користиме најновите технолошки алатки за целта.
Податоците што ги внесувате при плаќањето со вашата платежна картичка (за нарачка од hArt.mk), не се пренесуваат, ниту зачувуваат преку и на нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку сертифицираниот центар за процесирање трансакции со платежни картички на банката со која соработуваме – НЛБ Банка АД Скопје. hArt.mk нема пристап до овие податоци, а единствени видливи информации за нас од вашата трансакција се името и презимето содржани на картичката, нејзините 4 последни броеви и сумата на која е извршена трансакцијата.

Промена на вашите податоци

Податоците што сте ни ги оставиле при креирањето на вашиот профил на hArt.mk можете да ги промените со логирање на профилот и следење на соодветните чекори. Исклучок во оваа смисла е вашата адреса за е-пошта, која ако сакате да ја промените, ве молиме да ни испратите соодветно барање на privacysupport@hart.mk, во кое покрај постоечката, ќе ја вклучите и новата адреса.
На privacysupport@hart.mk испратете барање и доколку сакате да го деактивирате или избришете вашиот профил. Деактивирањето на вашиот профил не значи дека сите претходно зачувани податоци во врска со вас ќе бидат избришани – ги чуваме податоците за претходните купувања на веб-страницата, поради евентуални случаи на спорови или за потребите на нашите анализи на продажба или периодичните извештаи.

Заштита на лични податоци на неполнолетни лица

Користењето на hArt.mk е замислено и дизајнирано исклучиво за возрасни лица. За лица под 18-годишна возраст користењето на веб-страницата е забрането. Доколку ја користите веб-страницата се декларирате дека сте полнолетни. Профилите за кои ќе дојдеме до информација дека се регистрирани на корисници помлади од 18 години веднаш ќе ги отстраниме.

Рок на чување на податоците

Податоците кои ги собира hArt.mk се чуваат според законски утврдени задолжителни рокови за чување лични податоци. Доколку корисник побара да бидат избришани неговите податоци, истите се чуваат во рок од 30 дена од денот кога корисникот го поднел соодветното барање.

Вашите права на приватност и заштита на личните податоци и начини да ги остварите

Имате право да бидете информирани за обработката на личните податоци, право да пристапите до личните податоци, да барате нивна исправка или бришење; промена, ограничување и престанок на обработката, како и право на приговор.

За дополнителни информации, како и за остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да нѐ контактирате на privacysupport@hart.mk.

Во секое време можете да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на лични податоци, поврзано со остварувањето на вашите права.

HomeCategoriesWishlist
Search