Налив перо Montegrappa Extra 1930 (црно-бело, medium)
- Брендови: Montegrappa
- SKU: 1109
107.841 ДЕН
(1.745 €)
SOLD
Речиси цел век Extra 1930 е инструмент за пишување што го дефинира брендот Montegrappa. „Најмонтеграповско пенкало од сите“ – е епитетот со кој го имаат почестено познавачите. Возвишениот дизајн и целокупната гламурозност на неговата појава, заедно со ненадминатите перформанси при пишувањето, се основните состојки кои од Extra 1930 направиле едно од најпосакуваните пенкала во светот. Инспирацијата ја влече од историскиот модел кој првпат се појавил во раните 1930-ти, но неговата форма е толку блиску до совршенство, што Extra 1930 ги трансцедентира времето, модата и каприците.
Боја: | Црно-бела, сребрена |
---|---|
Градација на перо: | Medium |
Материјал: | Целулоид |
Перо: | 18k злато |
Систем на полнење: | Клип (вклучено шише со мастило 50ml) |
Детали: | Стерлинг сребро 925 |
Должина: | 138 mm |
Дијаметар: | 16.6 mm |
Тежина: | 44 g |


Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.
