Омилени 0

Блог и стории

Колекција пенкала Italian Beauty од Pininfarina, креирана во соработка со големиот посветеник на италијанското културно наследство, Франческо Корни

Колекција пенкала Italian Beauty од Pininfarina, креирана во соработка со големиот посветеник на италијанското културно наследство, Франческо Корни

Веројатно никого не треба да уверуваме во убавината на италијанските градови -  таа е факт со кој сите се сложуваме. А можеби најдобро ја опишал славниот американски писател Марк Твен, велејќи дека „Творецот ја создал Италија според нацрти од Микеланџело“. Овде, јасно, Твен се повикува на генијалниот ренесансен уметник имајќи го предвид недостижното совршенство на неговите дела. Лирски пак израз на споменатата акламација за италијанската убавина ќе позајмиме од најзначајната руска поетеса Ана Ахматова, која Италија ја доживеала како „сон, кој продолжува да ви се враќа до крајот на животот“.

Идеи за матурски подароци од hArt.mk

Идеи за матурски подароци од hArt.mk

Матурирањето е една од големите пресвртници во животот, која секако е многу радосна, возбудлива, но истовремено и стресна. Зашто како за матурантката/матурантот, така и за нивните родители, овој премин во зрелото доба значи преплавеност со чувства, нови перспективи и соодветни исчекувања, организациски предизвици. 

Pininfarina Cambiano – „Убавината секогаш остава неизбришлива трага“, исто како и врвот од Ethergraf

Pininfarina Cambiano – „Убавината секогаш остава неизбришлива трага“, исто како и врвот од Ethergraf

Споменувањето на Pininfarina непогрешливо асоцира на врвен автомобилски дизајн, дури и кај оние кои не ги интересира автомобилизмот. Но, водечката светска дизајнерска куќа основана во Торино во 1930 година, со истата елеганција, чистина и иновативност – клучните поими во нејзиниот дизајнерски јазик, креирала и луксузни часовници, архитектура и апарати за домаќинство. 

Candele Firenze, премиум декоративни свеќи: Малечка светлина за големи емоции

Candele Firenze, премиум декоративни свеќи: Малечка светлина за големи емоции

Свеќата, античкиот изум, долги векови единствена ги осветлувала човечките ноќи. Она што денес го бараме од неа, не е оваа практична функција, туку шармот, од кој електрификацијата направила копнеж. Треперливата светлина на свеќата денес е барана за ‘осветлување’ на нашите внатрешни простори, правејќи го опкружувањето поинтимно, подготвено за моментите кои го прават животот, после обврските од секојдневието, кога телото и духот доаѓаат на своето.

За творештвото на мајсторот на македонското сликарство, Жарко Јакимовски

За творештвото на мајсторот на македонското сликарство, Жарко Јакимовски

Жарко Јакимовски (1948) е еден од најзначајните македонски уметници чија кариера закитена со бројни награди и признанија трае повеќе од половина век. Секоја средба со сликарството на Јакимовски се доживува како интензивно субјективно искуство кое допира до гледачот на ниво на некоја скриена свесност, полнејќи го со возвишено знаење кое не може да се пренесе со зборови.

Како да го уживате максимумот од мајсторството вложено за изработка на вашата декоративна свеќа?

Како да го уживате максимумот од мајсторството вложено за изработка на вашата декоративна свеќа?

За да се изработи една миризлива декоративна свеќа која ќе го оправда епитетот премиум, секој дел од процесот до краен продукт мора да биде изведен со занаетчиска и креативна извонредност.

Како да го изберете вистинскиот инструмент за пишување, кој одговара на вашите потреби, но и ја одразува вашата автентичност?

Како да го изберете вистинскиот инструмент за пишување, кој одговара на вашите потреби, но и ја одразува вашата автентичност?

Најголем дел од пишувањето денес, во ерата на дигиталните уреди, е типкање на физичка или виртуелна тастатура. Но, остануваат секојдневните поводи кога инстинктивно посегнуваме по пенкало и хартија, за најсигурно да спасиме од заборав некоја тукушто добиена, важна идеја или информација.

Историски моменти исполнети со есенцијата на брендот Montegrappa

Историски моменти исполнети со есенцијата на брендот Montegrappa

Почната пред повеќе од век (во 1912), постојаната потрага на Montegrappa по нови ‘формули’ за остварување на магичната врска меѓу човечката мисла и хартијата, произвела многу исклучителни инструменти за пишување, уживани од многу исклучителни луѓе.

Pininfarina PF TWO: Maserati искуство при движењето на мислата до целната рамнина

Pininfarina PF TWO: Maserati искуство при движењето на мислата до целната рамнина

Одвај неколку имиња можат да се пофалат дека во светот на автомобилскиот дизајн звучат респектабилно како Pininfarina, над 90-годишната компанија која ги креирала некои од најиконичните автомобили во историјата. Во оваа историја на формирање на визуелниот идентитет на многу легендарни автомобилски брендови, посебно место има соработката која добила статус на сојуз, меѓу Pininfarina и луксузниот бренд чиј заштитен знак е култниот тризабец, Maserati.

„Животот е чудо, затоа, додека тој постои, радувајте му се“ – од изложбата на Жарко Јакимовски во МАНУ

„Животот е чудо, затоа, додека тој постои, радувајте му се“ – од изложбата на Жарко Јакимовски во МАНУ

Со зборовите цитирани во насловот, академик Влада Урошевиќ го заокружи своето вдахновено обраќање на отворањето на големата изложба по повод 50 години творештво на сликарот Жарко Јакимовски, поставена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Прикажани од 1 до 10 од вкупно 34 (4 страница/и)