Омилени 0

Пенкало Montegrappa ELMO 02 (Црвена карпа - Доломити)

16.700 ДЕН
(270 €)

Силуета вајана до ослободување на суштественото од вишокот, со пропорции што ја потцртуваат трезвената елеганција

НА ЗАЛИХА

Искрениот карактер и добро извајаниот изглед биле обележја на многу од раните Elmo пенкала, често користени низ италијанските канцеларии и училници во 1920-тите. Во случајот на инструментите за пишување од колекцијата Elmo 02, како образец е искористен архивиран дизајн на соосновачот на Montegrappa, Хајнрих „Елмо“ Хелм, со силуета на која е минимизирана употребата на метални компоненти, без притоа да се жртвува украсниот шмек. Колекцијата Elmo 02 е омаж на годините на формирање на Montegrappa, и во овие 2020-ти ја пренесува вредноста на скромната елеганција типична за 1920-тите.

Материјал: Смола
Детали: Нерѓосувачки челик, месинг
Должина: 142 mm
Дијаметар: 14 mm
Тежина: 34 g
Вредноста на трезвената елеганција на 1920-тите пренесена во 2020-тите
Примамливоста на едноставноста бара префинето око

Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.

nlb-svg