Омилени 0

Инструмент за пишување Pininfarina Cambiano (алуминиум)

7.354 ДЕН
(119 €)

Tоп модел во палетата инструменти за пишување Pininfarina Segno, која го исцртува хоризонтот на иновативното и уникатното кај пишувачкото искуство

НА ЗАЛИХА

Луксузот добива ново значење, отелотворено во престижниот предмет со силен стилски идентитет – Pininfarina Cambiano, топ моделот во палетата на инструментите за пишување Pininfarina Segno, која го исцртува хоризонтот на иновативното и уникатното кога е во прашање пишувачкото искуство.
Зад исклучителната индивидуалност на овој инструмент стојат технологијата, спојот меѓу врвните и истовремено рециклибилни материјали, и суштествено елегантните линии.
Со врв направен од металната легура Ethergraf, Pininfarina Cambiano пишува со оксидација на хартијата, оставајќи трага како графитот, но со трајност како да е напишана со мастило.
А ако се повикаме на самиот Paolo Pininfarina, кој велел дека „убавината секогаш остава неизбришлива трага“, и елеганцијата на Pininfarina Cambiano е предодредена да трае засекогаш.

Материјал: Алуминиум, оревово дрво, врв од Ethergraf
Должина: 165 mm
Тежина: 39 g
Луксуз ослободен од наметливост
Провери ја врската меѓу врвното дизајнерско решение и квалитетот на животот

Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.

nlb-svg