Омилени 0

Налив перо Montegrappa WILD: Savannah Sunset (medium)

61.182 ДЕН
(990 €)

За да го долови африканскиот самрак, кога предаторите демнат од секаде, Montegrappa во оваа луксузна колекција користи ексклузивна мешавина од нејзината артизанска смола Montegrappite

НА ЗАЛИХА

WILD: Savannah Sunset е колекција инструменти за пишување што ја евоцира возбудливата романса на моментот кој фотографите на дивиот свет го нарекуваат „златен час“ – периодот пред зајдисонце, кога светлината е помека и поцрвена. Под мотото „Она што го сакаш го заштитуваш“, а кое се однесува на напорите за заштита на последните живеалишта на дивиот свет, Montegrappa соработува со фотографите на National Geographic, Helle Løvevild Golman и нејзиниот маж Uri, кои стекнале углед не само со пронаоѓање на исклучително ретко видени диви животни, туку и со нивно успешно фотографирање. За да ја пренесе пораката, Montegrappa оваа колекција ја изработува од ексклузивна серија од нејзината артизанска смола Montegrappite, со мешавина од бои кои ја доловуваат африканската наелектризирана вечерна атмосфера, кога предаторите ловат. Целиот процес на изработка на оваа смола е рачен и се одвива во погон на Montegrappa, со што се избегнува цената што би ја платила животната средина при користење на индустриски смоли. Налив перото, ролерот и пенкалото од колекцијата WILD: Savannah Sunset се лимитирани едиции од по 999 парчиња.

Градација на перо: Medium
Материјал: Артизанска смола Montegrappite, нерѓосувачки челик
Перо: 18k злато
Систем на полнење: Конвертор, патрон (2 х патрони и конвертор вклучени)
Детали: Нерѓосувачки челик
Должина: 139 mm
Дијаметар: 16.7 mm
Тежина: 49 g
Страста кон дивата, нескротена природа е инспирација и цел на колекцијата WILD: Savannah Sunset
Почувствувај го сопствениот повик на дивината

Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.

nlb-svg