Warning: unlink(/home/clickupc/hartocartdata/cache/cache.catalog.language.1760388125): No such file or directory in /home/clickupc/hart.mk/system/library/cache/file.php on line 68 montegrappa-wild-baobab-пенкало
Омилени 0

Пенкало Montegrappa WILD: Baobab

30.282 ДЕН
(490 €)

Органските текстури изрезбарени во артизанска смола прават под прстите да се почувствува баобабот, а пред очите да блеснат совршените несовршенства на природата

SOLD

Имитирајќи ја силуетата на величествениот баобаб, инструментите за пишување од колекцијата WILD: Baobab упатуваат на дрвото кое е икона на африканскиот континент, и во себе може да складира неверојатни 120.000 литри вода. Овој инстинкт за преживување на баобабот е како создаден да биде мотив на колекцијата во чија срж е заштитата на природата. Соодветно, Montegrappa за овие инструменти за пишување користи уникатна артизанска смола, целосно рачно изработена во погон на Montegrappa, со значајно помал јаглероден отпечаток од индустриските смоли. Налив перото, ролерот и пенкалото од колекцијата WILD: Baobab, достапни во лимитирани едиции од по 999 парчиња, се резултат на соработката на Montegrappa со данскиот брачен пар фотографи на дивиот свет, Uri и Helle Løvevild Golman, чие мото е: „Она што го сакаш го заштитуваш“.

Материјал: Артизанска смола Montegrappite
Детали: Нерѓосувачки челик
Должина: 139 mm
Дијаметар: 14.6 mm
Тежина: 42 g
Африканскиот баобаб во себе може да складира до 120.000 литри вода
Човечкиот инстинкт за преживување е кратковид ако не вклучува заштита на природата

Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.

nlb-svg