Омилени 0

ZEADES – првиот бренд за накит втемелен на врвна кожа и натопен со духот на Монте Карло

heading_title

Во срцето на Монако, ZEADES креира одважен архитектонски накит, со комбинирани вештини на експерти за кожа и јувелири – вака би гласело најкраткото претставување на брендот ZEADES, роден во Монте Карло, најсоодветното место за целта. Зашто ниту едно друго место не го претставува толку верно и суптилно спојот на шикот, модерноста, урбаноста и ноншаланцијата на Азурниот брег.

Понудата на ZEADES подразбира уникатни креации, благодарение и на тоа што се работи за првиот бренд кој за темел на својата колекција накит ја поставил кожата, и тоа најфината, бескомпромисно селектирана во најдобрите штавилници од Тоскана. Уште еден аспект на уникатностa што го дава кожата како материјал е патината од контактот со кожата на оној што го носи накитот, односно соодветното попримање од неговата душа, како што велат од ZEADES.

Колекцијата накит на овој бренд е произлезена од имагинацијата на дизајнерката Даниел Девресе (Danielle Devreese), со диплома на архитект од една од најстарите уметнички школи во Белгија, Кралската академија за уметност, од Гент, каде што била одликувана и со награда за најперспективен студент (Bruynseraede – De Witte Prize).

Даниел Девресе

Дизајнерката инсистира под нејзиното перо да оживуваат креации кои покрај погоре споменатите одлики на животниот стил на Монте Карло, ќе одаваат силна енергија и карактер, а ќе бидат натопени и со блескавата светлина на Француската ривиера, нејзините сини хоризонти и одблесокот во Средоземното море.

Кога е во прашање кожата како темел на колекцијата, Даниел Девресе ја истакнува нејзината благородност и топлина, а вели дека тонот на овие квалитети го одредуваат боите. Притоа игра со палета во широк креативен распон, од графитно црна и морски длабоко сина, до земјена чоколадно кафеава и енергично амарантно црвена…

Машка бразлетна ZEADES CAPTURE 4DT Green SI

„Ниту еден друг бренд не ја поставил кожата како темел на својата колекција накит, а кога го основавме ZEADES веднаш сфативме зошто: технички, тоа подразбира дополнителни компликации. Всушност, две сосем различни професии мора да се спојат и да работат усогласено – од една страна е изработката на накитот, а од друга изработката на кожата. Сѐ повеќе луѓе почнуваат да ја сфаќаат вредноста на работата вклучена при имплементацијата на кожата во дизајнот на нашиот накит, како и нивото на мајсторство потребно за да се добие таа флуидна поврзаност на двата елементи на нашиот накит, произлезени од две различни ателјеа. Овие вредности, за жал, голем дел од луѓето и натаму ги занемаруваат, живеејќи во нашето општество на фрлање, односно на краткотраен интерес“, вели дизајнерката Даниел Девресе.


Машка бразлетна ZEADES KNOT CARRICK Mala SI

Таа се сеќава на периодот кога го основале брендот, влегувајќи на неистражена територија:

„Стартната точка ни беше најфината италијанска кожа, мека и сензуална, селектирана во Тосканските штавилници. Во нашиот концепт потоа доаѓа контрастот на таа свиленкасто сензуална кожа со студеното сребро или нерѓосувачкиот челик. Спојувањето на двете комплетно различни професии, изработката на кожа и на накит, се покажа како смел и возбудлив предизвик: потребните вештини, методите на работа се сосема различни. Но, ефектот е изразено современ: препознатлива линија од инспириран и инспиративен накит и аксесоари. Нашиот концепт претставува суптилна покана за игра со боите и материјалите, во зависност од расположението на денот… зашто секој ден е различен.“

Машка бразлетна ZEADES GHANA

Секако, кога е во прашање современоста, во ZEADES уште при основањето на брендот си зацртале да дизајнираат и произведуваат накит што ќе подразбира процеси во кои ќе се минимизира влијанието врз животната средина. Во соработка со партнери кои ги делат истите еколошки вредности, сите пакувања во кои се испорачуваат производите на ZEADES се FSC сертифицирани (FSC е кратенка од Forest stewardship council, односно Совет за управување со шуми, невладина организација која промовира еколошки целисходно, општествено корисно и економски остварливо менаџирање на светските шуми). Истовремено, каталозите на ZEADES се печатени според Imprim’Vert сертифицирана практика за одржливост, која подразбира правилно одложување на производствениот отпад. И хартијата што се користи за целта поседува соодветен PEFC сертификат (PEFC е кратенка од Programme for Endorsement of Forest Certification, односно Програма за одобрување на серификација на шумите).

Со други зборови, сѐ во ZEADES е замислено за без никаква грижа на совеста да се ужива во сјајот и релаксираноста на Азурниот брег.

Машка бразлетна ZEADES ESPAR CORDE 3 Ebony SI



Поврзани објави