„Животот е чудо, затоа, додека тој постои, радувајте му се“ ...
16/05/2025 | Admin
Сите категории
Професионално успешните луѓе, кои работат многу и посветено во ова денешно забрзано време, неретко за одржување на добрата ментално-мотивациска форма практикуваат хедонистички ритуали. Во оваа смисла, во деловниот свет е веќе одомаќен изразот ефективен хедонизам, во кој сите фактори кои влијаат на доживувањето се оптимизирани, за ритуалот соодветно да си ја изврши својата рекреативна функција. Ефективниот хедонизам не прифаќа компромиси, свесен е за сите споменати фактори кои влијаат на задоволството, и настојува да ги владее.

