За творештвото на мајсторот на македонското сликарство, Жарко Јакимовски
Жарко Јакимовски (1948) е еден од најзначајните македонски уметници чија кариера закитена со бројни награди и признанија трае повеќе од половина век. Секоја средба со сликарството на Јакимовски се доживува како интензивно субјективно искуство кое допира до гледачот на ниво на некоја скриена свесност, полнејќи го со возвишено знаење кое не може да се пренесе со зборови.
За „Adulterio“ и наградените мозаици на Мишо Стојановски
Равена е светска престолнина на мозаикот. Соодветно, единствената ликовна академија во Италија која образува специјалисти мозаичари се наоѓа во овој град со дури осум објекти заштитени како светско културно наследство на УНЕСКО.
Изложбата на Жарко Јакимовски во МАНУ меѓу најзначајните културни настани во 2022
Во првата епизода од новата сезона, емисијата за култура „Витраж“ на Македонската радио-телевизија, се навраќа на неколкуте најважните културни настани во земјава од изминатата, 2022 година. Меѓу нив е и големата ретроскпективна изложба на маестро Жарко Јакимовски, која во октомври беше отворена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Погледнете повеќе во приложеното видео
Како паметно да инвестирате во уметност?
Овој текст ќе го почнеме со илустративен пример. Кога во 1989 година, 29-годишниот берзански агент Роберт Тиблс за 600 фунти го купил уметничкото дело на тукушто дипломираниот уметник Дејмиен Хрст, „Тела“, кое се состоело од шкаф со лекови, неговите колеги и другари кои си купувале коли и скапи часовници го исмеале, уверувајќи го дека е ограбен и треба да го врати делото, односно да си ги бара парите назад. Но, Тиблс му останал верен на својот инстинкт. Во 2020 тој го продаде делото „Тела“ на аукција за 1,2 милиони фунти.
Кубизмот, новиот и стариот, македонскиот, вкрстени во творештвото на Жарко Јакимовски
Кубизмот е еден од највлијателните правци во ликовната уметност на дваесеттиот век. Овој револуционерно нов пристап или третман на визуелната стварност го развиле Пабло Пикасо и Жорж Брак во првата деценија од векот, а е заснован на ставот на постимпресионистот Пол Сезан (1839–1906) дека секој предмет може да се претстави ликовно преку основните геометриски облици. Поимот кубизам потекнува од зборот коцка, односно од коментарот на ликовниот критичар Луј Воксел, кој гледајќи слики на Жорж Брак во 1908 година, заклучил дека таму сѐ е сведено на геометриски контури, на коцки.
Постојано се менуваме, нека нѐ менува убавината: Вовед во уметноста на гледање на уметноста
„Лично, најголем степен на задоволство доживувам при средби со уметнички дела. Тие ми обезбедуваат чувство на среќа со интензитет што не можам да го добијам од други извори“ – Алберт Ајнштајн
„Животот е чудо, затоа, додека тој постои, радувајте му се“ – од изложбата на Жарко Јакимовски во МАНУ
Со зборовите цитирани во насловот, академик Влада Урошевиќ го заокружи своето вдахновено обраќање на отворањето на големата изложба по повод 50 години творештво на сликарот Жарко Јакимовски, поставена во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).










