Како да го уживате максимумот од мајсторството вложено за изработка на вашата декоративна свеќа?
За да се изработи една миризлива декоративна свеќа која ќе го оправда епитетот премиум, секој дел од процесот до краен продукт мора да биде изведен со занаетчиска и креативна извонредност.
Почнувајќи од изборот на суровините, преку мајсторството за пронаоѓање на соодносот меѓу восочната мешавина, фитилот и парфемската есенција кој ќе гарантира оптимално согорување; завршувајќи со естетски квалитети какви што бара декоративната функција на ваквата свеќа.
Candele Firenze е ексклузивна линија премиум декоративни свеќи која претставува 50 години артизански развој мотивиран од фирентинското културно наследство. Во духот на градот кој е родно место на ренесансата, Candele Firenze својата традиција во занаетчиското мајсторство редовно ја ажурира со најновoто во примената на боите и декорациите, како што се еколошките бои на водена база или патентираната технологија на метализација.
За како корисник да можете да го уживате максимумот од вложеното во изработката на вашата свеќа, ви пренесуваме неколку совети од познавачите на магијата што ја произведуваат мирисните сензации при треперлива светлина.
-
При првата употреба на свеќата оставете ја да гори 2-3 часа, додека восокот на површината не стане течен. На овој начин спречувате да се појават шуплини во восокот подоцна, или да се формира вдлабнатина околу фитилот.
Кога свеќата е запалена, а и откако ќе ја изгаснете, но восокот е уште течен, немојте да ја преместувате. За да ја изгаснете користете поклопец што ќе го запре дотокот на кислород или специјален алат за гаснење свеќи (snuffer).

По употреба, доколку е потребно направете центрирање на фитилот за да обезбедите конзистентно согорување на восокот и да спречите прегревање на садот на свеќата.
Идеалната должина на фитилот треба да биде меѓу 3 и 5 милиметри, па доколку има потреба да го потсечете, направете го тоа внимателно со остри ножички или (идеално) со специјален алат (wick trimmer). Покрај тоа што ќе причини повеќе чад при горењето, подолгиот фитил може и да падне во восокот значајно оштетувајќи ја свеќата.
Кога ќе останат само 5 милиметри восок или ќе се појави металниот држач на фитилот, свеќата е употребена до крај и не смее повторно да се пали.
Но, овој момент е нов почеток за нејзиниот сад, кој во случајот на Candele Firenze секогаш е исклучително декоративен, па останува на вашата имагинација како ќе го реупотребите, давајќи му нова практична функција.
За да го отстраните преостанатиот восок прво употребете тап нож (за путер), а потоа во садот ставете жешка вода (не полнете до врвот). Откако водата ќе се олади, соберете го восокот што испливал на површината, па истурете ја со процедување (за да не истурите восок во одводот). На крајот садот измијте го со детергент за садови.

