Налив перо Montegrappa WILD: Baobab (medium)
- Брендови: Montegrappa
- SKU: 1129
61.182 ДЕН
(990 €)
НА ЗАЛИХА
Имитирајќи ја силуетата на величествениот баобаб, инструментите за пишување од колекцијата WILD: Baobab упатуваат на дрвото кое е икона на африканскиот континент, и во себе може да складира неверојатни 120.000 литри вода. Овој инстинкт за преживување на баобабот е како создаден да биде мотив на колекцијата во чија срж е заштитата на природата. Соодветно, Montegrappa за овие инструменти за пишување користи уникатна артизанска смола, целосно рачно изработена во погон на Montegrappa, со значајно помал јаглероден отпечаток од индустриските смоли. Налив перото, ролерот и пенкалото од колекцијата WILD: Baobab, достапни во лимитирани едиции од по 999 парчиња, се резултат на соработката на Montegrappa со данскиот брачен пар фотографи на дивиот свет, Uri и Helle Løvevild Golman, чие мото е: „Она што го сакаш го заштитуваш“.
Градација на перо: | Medium |
---|---|
Материјал: | Артизанска смола Montegrappite |
Перо: | 18k злато |
Систем на полнење: | Конвертор, патрон (2 х патрони и конвертор вклучени) |
Детали: | Нерѓосувачки челик |
Должина: | 139 mm |
Дијаметар: | 16.7 mm |
Тежина: | 49 g |


Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.
