Омилени 0

Налив перото како подарок со драгоцена додадена вредност

heading_title

На врвниот инструмент за пишување не му треба посебен повод за да ја покаже својата вредност како избор за подарок. Сите пишуваме и секој би бил благодарен да поседува ваков фасцинантен предмет, како налив перо кое функционално и естетски ќе го радува долги години.

Но, погодноста при подарувањето престижен инструмент за пишување особено ја нагласуваат поводи како поминати важни етапи и пресвртни достигнувања во животот или кариерата; кои бараат да бидат крунисани со подарок што соодветно ќе го одбележи и симболизира моментот, истовремено отелотворувајќи го сеќавањето на него.

Ваков повод е, на пример, преминот од академски во професионален живот. Во овој случај, врвното налив перо со својата маркантност, сентиментална и афирмативна вредност, симболизира искрени желби, односно увереност во успешноста на идната кариера на даруваниот. А во текот на таа кариера, ваквиот подарок нему секогаш ќе му остане потсетник на амбициозните почетоци.


И кога станува збор за постигнати успеси во кариерата, нема подобар начин да му оддадете лично признание и да изразите почит кон работата на вашиот роднина, пријател, колега. Престижните налив пера, чија репрезентативност е очигледна уште од нивното пакување, му даваат достоинствен, церемонијален карактер на чинот на подарување, а гарантираат и ефектни, емотивни моменти, при распакувањето на подарокот.

Унапредувањата и пензионирања се исто така поводи кога подарувањето налив пера изразува цел спектар на значења. Врвниот инструмент за пишување, со задоволство виден во секоја професионална средина, е совршен еквивалент на брилијантноста на една кариера; како своевидна ризница во која се пренесува есенцијата на успесите.

Но, каков и да е поводот за подарување, налив перото непогрешливо изразува желби за нови достигнувања, ставајќи акцент на индивидуалноста – вашата и на даруваниот.

Налив перата се евергрин од појавувањето во 1884, а интересот за овие најекспресивни лични предмети (како поради изгледот, така и со неспоредливата изразност на напишаното) последниве години доживува ренесанса. Кога изборот за подарок ви е налив перо, подарувате нешто што нема рок на траење или застарување (за разлика од модерните геџети). Врвното налив перо иако има статус на колекционерски предмет, препорачливо е да се употребува секојдневно. Зашто тоа ‘еволуира’ под допирот на сопственикот и неретко поприма талисмански карактеристики, станувајќи негов среќен предмет.


-

Montegrappa рачно изработува инструменти за пишување повеќе од век, со тоа што нејзината традиција не се потпира толку на долгото траење, колку на постојаното олицетворување на најдоброто од модерниот италијански стил и занаетчиско мајсторство.

Инструментите Montegrappa се изградени од скапоцени и останати егзотични материјали, со имагинативна визија и бескомпромисно внимавање на деталите.

Затоа овие инструменти, без разлика на поводот, се извонреден подарок за секој кој знае да цени префинет стил, артизанско мајсторство и механичка рафинираност.

Секако, голем дел од привлечноста на налив перата прави искуството при пишувањето. Пишувачките перформанси многу зависат од квалитетот на перото: од тоа како е регулиран протокот на мастилото, аголот на пишување и притисокот. За да можат да дадат гаранција во оваа смисла, најдобрите производители на налив пера посветуваат огромно внимание на калибрирањето на своите инструменти. Овој процес познат како „штимање на перото“, обезбедува долги години врвно пишувачко искуство, во паралела со фасцинантната, безвременска појава на налив перата. Montegrappa своите пера рачно ги тестира во секоја фаза од нивната изработка.

На крајот ќе потцртаме дека елитното налив перо е многу повеќе од предмет кој истакнувајќи се на реверот или бирото, на пример, на успешниот менаџер го потврдува неговиот статус. Кога некому ќе подарите вакво налив перо, тој добива ниво на уметност споредливо со најфиниот накит, истовремено дизајнирано да одговара на најстрогите функционални барања. Не е чудо што многумина им се восхитуваат на налив перата и како на уметнички дела, како на функционална уметност.