Предлози за матурски подароци од hart.mk
Во полн ек е периодот од годината кога голем дел од нас размислуваат за избор на матурски подароци. А тука маката е, кај оние што сакаат да погодат со подарокот, да се избере вистинскиот, соодветниот, што во принцип значи да се избегнуваат клишеата и да се испрати порака која убаво ќе го одбележи моментот: честитањето за успешното завршување на едно важно поглавје во животот, и давањето поттик, односно искрени желби пред новиот предизвик на матурантот/матурантката.
Еве неколку предлози од hart.mk што одат во овој правец:
Pininfarina Piuma ITALIAN BEAUTY
Препознатливиот инструмент за пишување Piuma, целосно изработенa од дрво, со динамичен облик кој потсетува на гускино перо, а инспириран од студиите за летањето на Leonardo, Pininfarina го преоблекува во својата нова колекција ITALIAN BEAUTY, креирана врз база на делата на исклучителниот дизајнер Фраческо Корни, кој цел живот творел со неисцрпна инспирација од убавината на италијанските градови. Pininfarina се надоврзува на визијата на дизајнерот со умешен избор на бои, по една за секој од градовите (Рим, Милано и Фиренца) застапени во колекцијата ITALIAN BEAUTY, создавајќи од кутијата на Piuma ново уметничко дело.
Pininfarina Cambiano
Топ модел во палетата на инструментите за пишување Pininfarina, со кој луксузот добива ново значење, отелотворен во престижен предмет со силен стилски идентитет. Во линијата Cambiano има модели со врв од металната легура Ethergraf, кои пишуваат речиси бесконечно без да се острат или надополнуваат, оставајќи трага како графитот, но со трајност како да е напишана со мастило. Тука се и моделите кои пишуваат како стандардните пенкала.
Pininfarina Space
Pininfarina Space е инструмент за пишување дизајниран за употреба во вселенски мисии и користен од екипажот на Меѓународната вселенска станица во тек на мисијата VITA. Направен е целосно од магнезиум, ултра лесен материјал со извонредни механички карактеристики, а доаѓа со врв од Ethergraf, за и во оваа смисла да оди преку границите (на графитот и мастилото), зашто ниту се остри, ниту се полни, а пишува неограничено.
Pininfarina Piuma Raffaello
Инструмент за пишување целосно изработен од јаворово дрво, со врв од Ethergraf, кој пишува неограничено, без полнење или острење. Во оваа специјална едиција која вклучува ексклузивна кутија, потписот на големиот ренесансен уметник Рафаело е речиси невидлив за голото око, а се открива преку поларизирана леќа вградена во држачот за на биро.
Pininfarina Prima
Како што кажува неговото име – Prima (на италијански прв), овој инструмент е образецот од кој произлегува линијата стилуси на Pininfarina што пишуваат со Ethergraf, иновативната метална легура која остава трага како графитот, но неизбришлива како да е напишана со мастило. Овој инструмент за пишување е достапен во повеќе бои.
Pininfarina PF TWO Maserati

Престижноста на ова пенкало, неговиот моќен стилски идентитет, паѓаат в очи при првиот поглед на полноќно синото тело на кое совршено прилега култниот тризабец на Maserati. Веќе тактилното искуство дава увид и во неговата леснотија, ергономичност, беспрекорна детализираност, постигнати со микромеханичка изведба во алуминиум. Дел од официјалната Maserati колекција додатоци.
Pininfarina Aero
Овој инструмент за пишување изработен од материјали за воздухоплови е добитник на престижната награда за дизајн Red Dot. Во контраст со леснотијата на стилусот опремен со врв од Ethergraf, неговата база е изработена од суров бетон. Pininfarina Aero е достапен во две бои.
- Испораката за Скопје е истиот ден кога е направена нарачката




