VENETIA LAB и EGOIST – италијански брендови што го пресретнуваат ефективниот хедонизам на љубителите на пури
Професионално успешните луѓе, кои работат многу и посветено во ова денешно забрзано време, неретко за одржување на добрата ментално-мотивациска форма практикуваат хедонистички ритуали. Во оваа смисла, во деловниот свет е веќе одомаќен изразот ефективен хедонизам, во кој сите фактори кои влијаат на доживувањето се оптимизирани, за ритуалот соодветно да си ја изврши својата рекреативна функција. Ефективниот хедонизам не прифаќа компромиси, свесен е за сите споменати фактори кои влијаат на задоволството, и настојува да ги владее.
За оваа цел постојат брендови кои се компатибилни со ефективниот хедонизам, односно креираат производи што ги отвораат хоризонтите кон хедонистичките нијанси.
Два од нив, кои доаѓаат од Италија, од неодамна се дел од семејството брендови на hart.mk: VENETIA LAB и EGOIST.
VENETIA LAB е бренд посветен на љубителите на пури кои кога уживаат во моментите на задоволство и опуштање ништо не препуштаат на случајот. Нуди селекција на висококвалитетни производи, инспирирани од античкиот регион од римскиот период, Венеција и Хистрија, кој опфаќал големо подрачје од североисточна Италија, познато по своето богатство, култура и прекрасна природна разноликост, опкружено со Доломитите од север и Венецијанската лагуна од југ.
Хјумидорите на VENETIA LAB се изработени од масивно дрво, кое се добива од средишниот дел на стеблото, како скапоцен материјал познат по отпорноста и квалитетот што гарантира извонредни перформанси во секоја негова намена.
VENETIA LAB користи потполно природно дрво кое не поминува низ хемиска обработка, и како такво останува рециклабилно и обновливо. Од естетска гледна точка нуди низа сугестивни и топли природни бои, кои со време се трансформираат и темнеат, што секогаш резултира со елегантен и префинет долготраен изглед.
Би ги издвоиле и футролите за пури од телешка кожа на VENETIA LAB, како навистина уникатни парчиња. Се работи за материјал со препознатлив, софистициран изглед, благодарение на крзнената текстура која му дава тридимензионалност и природен сјај. Занаетчиската изработка подразбира нега и шишање на телешкото влакно за да се добие уедначена и мека текстура. Овие педантно изработени и издржливи футроли за пури доаѓаат во елегантни кутии заедно со заштитни торбички.
Кога го споменавме пакувањето, треба да кажеме дека и тука се огледува пристапот на брендот VENETIA LAB. Се работи за пакувања кои се демонстрација на посветеност, стил и префинетост. Секој детал, од изборот на материјали до изгледот, е дизајниран да понуди визуелно и тактилно искуство што ја одразува есенцијата на производите.
„Зад секој агол, зад секоја текстура, се крие посветеност на совршенството. Оние кои ги избираат нашите производи, всушност избираат искуство на суптилна естетика и луксуз. Пакувањата, беспрекорно изработени до најситните детали, се прв чекор од патувањето на сензацијата, каде што ништо не е препуштено на случајот. Зашто задоволството не е само во содржината, туку и во начинот на кој се презентира“, порачуваат од VENETIA LAB.
Покрај оваа програма, брендот изработува и персонализирани производи, по нарачка, во духот на италијанскиот регион Венето кој важи за средиште на вешти занаетчии, кои посветено и пасионирано ги претвораат даровите од природата во уникатни креации. Се работи за производи родени од најдениот совршен склад меѓу извонредноста на природните материјали и занаетчиското мајсторство. На пример, хјумидорот уникат Samurai е изработен од јапонското Тамо дрво кое било резервирано само за семејството на јапонскиот цар, додека хјумидорот Regio X Venetia Et Histria, од кој исто така е изработено само едно парче, е од реткото Бокоте дрво кое Rolls-Royce го користи за своите инструмент табли.
„VENETIA LAB е сведоштво за убавината и уникатноста на нашата земја, бренд што ја впил традицијата, квалитетот и страста на вистинското Made in Italy.“

Хјумидор Regio X Venetia Et Histria, VENETIA LAB
А вториот италијански бренд кој со задоволството ви го претставуваме е EGOIST.
Овој бренд првенствено им се обраќа на модерните и „захтевни“ љубители на пури, а изборот на материјали и италијанскиот дизајн го направиле еден од најценетите кога се во прашање аксесоарите за пушачи, како во Италија, така и глобално. Понудата на брендот вклучува хјумидори, футроли, секачи, запалки…
Кај EGOIST хјумидорите би го издвоиле EGOIST Roma со капацитет за 40 пури, чија горна страна е украсена со слика од римскиот Колосеум. Вклучен е внатрешен хигрометар и систем за одржување на влажноста, а преградите се модуларни.
Тука се и футролите од автентична кожа, изработени за да го издржат тестот на времето, дизајнирани минималистички, да одразуваат практична елеганција.
Палетата EGOIST запалки содржи од класично елегантни до модерно технологизирани. Пример за последното е цврстиот дизајн на бренер запалката EGOIST Transformer, со вграден перфоратор за пури и малечко огледало.
Целата понуда од брендовите VENETIA LAB и EGOIST на hart.mk можете да ја разгледате во категоријата Hedonist Art.





