Инструмент за пишување Pininfarina Piuma Leonardo (јаворово дрво)
- Брендови: Pininfarina
- SKU: 11229
3.214 ДЕН
(52 €)
SOLD
Во раните години од 16-тиот век, Leonardo се посветил на проучување на летањето и на проектирање летечка машина. Размислувал да напише трактат за летањето, поделен во четири поглавја. Трактатот не го завршил, но на почетокот на 1505-та година напишал дел од Кодексот за летањето на птиците, чуван во Кралската библиотека во Торино, чија цел била да се разбере тајната на летањето.
Токму мислите поттикнати од овие текстови на Leonardo довеле до креирањето на Piuma, инструментот за пишување целосно изработен од дрво, со динамичен облик, кој потсетува на гускино перо, односно на споменатите студии за летањето. Piuma почива во постојана рамнотежа на својот огледален челичен пиедестал, на кој се огледува потписот на Мајсторот.
Материјал: | Јаворово дрво, врв од Ethergraf |
---|---|
Должина: | 155 mm |
Тежина: | 7 g |


Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.
