Омилени 0

Инструмент за пишување Pininfarina Space

8.467 ДЕН
(137 €)

Прекрасен спој на технологијата и дизајнот што е футуристички на Земјата, а актуелен во вселената

SOLD

Pininfarina Space е инструмент за пишување дизајниран за употреба во вселената. Направен целосно од магнезиум – ултра лесен материјал со извонредни механички карактеристики, овој инструмент е дониран на екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) во тек на мисијата VITA, во која учествувал и италијанскиот астронаут Paolo Nespoli. VITA (акроним од vitality, innovation, technology, ability) на италијански значи живот, и е соодветно име за мисијата на која биле тестирани технологии потребни за живот во вселената.
Pininfarina Space на мисијата VITA е користен во услови на микрогравитација каде нормалните пенкала не работат. Mеталната легура Ethergraf од која е направен неговиот врв пишува со оксидација на хартијата, со што се избегнува користењето на графит или мастило; и затоа е идеално решение за условите во вселенските станици каде микро отпадот од графитот е многу опасен за системот за филтрирање.
Врвот од Ethergraf остава трага како графитот, но со трајност како да е напишана со мастило.

Материјал: Магнезиум, врв од Ethergraf
Должина: 160 mm
Тежина: 15 g
Инструмент за пишување докажан и во вселенска мисија
Истражи ги хоризонтите на светот без граници

Можност за плаќање на рати без камата со кредитни картички од НЛБ Банка Скопје.

nlb-svg