Омилени 0

Блог и стории

Зошто е важно да пишуваме; и тоа со рака на хартија?

Зошто е важно да пишуваме; и тоа со рака на хартија?

Без разлика дали правиме листа со производи што треба да ги купиме од супермаркет, пополнуваме образец во банка, фаќаме белешки од состанок или ни дошла добра идеја, секојдневно пишуваме.

А живеејќи во свет во кој времето многу вреди, што и да правиме тежнееме да завршиме побрзо, свесни дека е драгоцена секоја минута што можеме да ја заштедиме во текот на денот. Тоа има своја цена, што ја плаќаме преку стресот и жртвувањето на суштинските вредности, а во случајов и преку заборавањето на задоволството што го носи пишувањето.

Идеи за матурски подароци од hArt.mk

Идеи за матурски подароци од hArt.mk

Матурирањето е една од големите пресвртници во животот, која секако е многу радосна, возбудлива, но истовремено и стресна. Зашто како за матурантката/матурантот, така и за нивните родители, овој премин во зрелото доба значи преплавеност со чувства, нови перспективи и соодветни исчекувања, организациски предизвици. 

Историски моменти исполнети со есенцијата на брендот Montegrappa

Историски моменти исполнети со есенцијата на брендот Montegrappa

Почната пред повеќе од век (во 1912), постојаната потрага на Montegrappa по нови ‘формули’ за остварување на магичната врска меѓу човечката мисла и хартијата, произвела многу исклучителни инструменти за пишување, уживани од многу исклучителни луѓе.

Како да го изберете вистинскиот инструмент за пишување, кој одговара на вашите потреби, но и ја одразува вашата автентичност?

Како да го изберете вистинскиот инструмент за пишување, кој одговара на вашите потреби, но и ја одразува вашата автентичност?

Најголем дел од пишувањето денес, во ерата на дигиталните уреди, е типкање на физичка или виртуелна тастатура. Но, остануваат секојдневните поводи кога инстинктивно посегнуваме по пенкало и хартија, за најсигурно да спасиме од заборав некоја тукушто добиена, важна идеја или информација.

Колекција пенкала Italian Beauty од Pininfarina, креирана во соработка со големиот посветеник на италијанското културно наследство, Франческо Корни

Колекција пенкала Italian Beauty од Pininfarina, креирана во соработка со големиот посветеник на италијанското културно наследство, Франческо Корни

Веројатно никого не треба да уверуваме во убавината на италијанските градови -  таа е факт со кој сите се сложуваме. А можеби најдобро ја опишал славниот американски писател Марк Твен, велејќи дека „Творецот ја создал Италија според нацрти од Микеланџело“. Овде, јасно, Твен се повикува на генијалниот ренесансен уметник имајќи го предвид недостижното совршенство на неговите дела. Лирски пак израз на споменатата акламација за италијанската убавина ќе позајмиме од најзначајната руска поетеса Ана Ахматова, која Италија ја доживеала како „сон, кој продолжува да ви се враќа до крајот на животот“.

Лекции од Данте Алигиери по патот од себеспознавање до… небото како „лимит“

Лекции од Данте Алигиери по патот од себеспознавање до… небото како „лимит“

Не секому дошле в рака „Пеколот“, „Чистилиштето“ или „Рајот“ од „Божествената комедија“, но, нема човек кој не го почувствувал влијанието на триделната гигантска поема на Данте Алигиери. Вечниот одек на ова ремек-дело е величествено насликан од Сандро Ботичели, Ежен Делакроа, Салвадор Дали; слушнат во симфонии на Франц Лист и Чајковски; а не престанува да ја инспирира и денешната популарна култура – од филмови, преку видео игри, до стрипови: и Марвеловиот суперхеројски тим Икс-мен, заедно со Доктор Стрејнџ, слегува низ деветте круга на пеколот според описите на Данте.

Леонардо како учител

Леонардо како учител

При самото споменување на најкреативниот гениј во историјата на човештвото, Леонардо да Винчи, веднаш нѐ заплиснува воодушевување до степен како да не се работи за вистински човек, туку за некој измислен суперхерој на умот и креативноста. Но, вистината е дека движечката сила на гигантската креативност на Леонардо споена со страстната интелектуална љубопитност, е сосем човечка: тоа е неговиот светоглед од кој тој ги развил своите животни вештини, формулирајќи ја нивната суштина и во пишана форма во своевиден дневник (над 6000 страници со белешки), кој не случајно ни го оставил, поттикнувајќи нѐ да читаме и применуваме.

Моливи GRAFEEX: Материјалот на иднината во рацете на италијанската занаетчиска традиција

Моливи GRAFEEX: Материјалот на иднината во рацете на италијанската занаетчиска традиција

Еден од аспектите на визијата на Pininfarina при креирањето на колекцијата инструменти за пишување Pininfarina Segno е отворањето нови перспективи во овој сектор, со надминување на концептуалните ограничувања што ги подразбира традиционалната претстава за моливот, на пример, која останала речиси непроменета над двесте години по патентот на Никола-Жак Конте.

Налив перо Montegrappa Elmo Ambiente

Налив перо Montegrappa Elmo Ambiente

Својата дизајнерска класика од 1920-тите, Montegrappa ја ресоздава со еколошката совест на 2020-тите…

Налив перото како подарок со драгоцена додадена вредност

Налив перото како подарок со драгоцена додадена вредност

На врвниот инструмент за пишување не му треба посебен повод за да ја покаже својата вредност како избор за подарок. Сите пишуваме и секој би бил благодарен да поседува ваков фасцинантен предмет, како налив перо кое функционално и естетски ќе го радува долги години.

Прикажани од 11 до 20 од вкупно 24 (3 страница/и)