Основачот на Hart.mk, Драган Јаневски, го посети седиштето на Pininfarina Segno во Равена
Основачот и извршниот директор на Hart.mk, Драган Јаневски, неодамна го посети седиштето на Pininfarina Segno, во Равена, Италија, каде што се сретна со менаџерот за меѓународна продажба, Андреа Тритапепе, како и со Мартина Барбато од истиот оддел на италијанската компанија. Hart.mk е македонски партнер на Pininfarina Segno, новото поглавје во приказната на дизајнерската куќа Pininfarina основана во Торино во 1930 година, посветено на инструменти за пишување и аксесоари.
Пенкалото, извор на знаењето и мудроста
Големиот Владимир Набоков („Лолита“) во својот роман „Блед оган“ од 1962 година анализира два методи на креирање. Едниот се одвива исклучиво во умот, а во другиот креацијата вклучува пишување со пенкало на хартија. Набоков првиот метод го нарекува агонија, во која „мозокот набрзо се затвора во железно капаче од болка“. А вториот метод го образложува како негов избор, пишувајќи дека тогаш „раката ја поткрепува мислата, апстрактната битка се води конкретно, фразата и физички е водена кон светлина, низ лавиринтот од мастило“.
Предлози за матурски подароци од hart.mk
Во полн ек е периодот од годината кога голем дел од нас размислуваат за избор на матурски подароци. А тука маката е, кај оние што сакаат да погодат со подарокот, да се избере вистинскиот, соодветниот, што во принцип значи да се избегнуваат клишеата и да се испрати порака која убаво ќе го одбележи моментот: честитањето за успешното завршување на едно важно поглавје во животот, и давањето поттик, односно искрени желби пред новиот предизвик на матурантот/матурантката.






