Моливи GRAFEEX: Материјалот на иднината во рацете на италијанската занаетчиска традиција
Еден од аспектите на визијата на Pininfarina при креирањето на колекцијата инструменти за пишување Pininfarina Segno е отворањето нови перспективи во овој сектор, со надминување на концептуалните ограничувања што ги подразбира традиционалната претстава за моливот, на пример, која останала речиси непроменета над двесте години по патентот на Никола-Жак Конте.
Извонреден пример за реален исчекор во оваа смисла се моливите GRAFEEX.
Овие инструменти за пишување не се само луксузна варијанта на традиционалниот молив, иако некого на прв поглед можеби ќе го потсетат на префинет технички молив или „тенкоминец“.
Моливите GRAFEEX имаат врвови од иновативен материјал, добиен со револуционерен процес на обработка на поедничните графички честички. Овој графит од нова генерација го менува концептот за молив, надминувајќи ги неговите ограничувања, но, задржувајќи ги саканите препознатливи карактеристики.
Напишаното со GRAFEEX се брише со гума, но, врвот на овој молив нема потреба да се остри и трае исклучително долго. Идејата зад иновацијата е да им се овозможи на креативците и останатите професионалци чија работа вклучува пишување и скицирање, да работат без пречки од видот на кршење на врвот или затапување, а притоа ни најмлаку да не ја жртуваат прецизноста, трајноста и ергономијата.
За замена на врвот од GRAFEEX евентуално би требало да се размислува откако би испишал трага со вкупна должина од петнаесетина километри. А и замената се прави многу едноставно, со поставување на нов врв откако ќе се одврти стариот.
Вообичаено за Pininfarina, оваа иновација е надградена со сета опрема неопходна за да се добие врвен производ од аспект на дизајнот, технологијата, материјалите и употребата.
Така врвот од GRAFEEX е поставен на алуминумско тело, дизајнирано минималистички, но, совршено ергономски, и со извонредно чувство за детали. Еден од нив се и спојниците за закачување, во живи бои, контрастни на матираното црно алуминиумско тело.
Дополнително, моливите GRAFEEX доаѓаат во рачно опшиени елегантни футроли од рециклирана кожа.
„Идејата GRAFEEX значи реинтерпретација на традиционалниот молив. Сакавме да им понудиме на корисниците прецизност и трајност, без компромис во однос на чувството при пишувањето. GRAFEEX е мост меѓу италијанската занаетчиска традиција и иновативниот материјал на иднината“, велат од Pininfarina Segno.








