Омилени 0

Pininfarina Prima – прва меѓу инструментите што пишуваат неограничено, без да се полнат или острат

heading_title

Prima, како што упатува нејзиното име, е прва меѓу инструментите за пишување што можат да пишуваат неограничено, без дополнување со мастило, но и без острење какво што бараат моливите.

Образец е за целата линија стилуси на Pininfarina со истата карактеристика – неограничена моќ за пишување, благодарение на врвот од патентираниот материјал Ethergraf, металната легура инспирирана од сребрениот молив што го користел Leonardo da Vinci.

Одговорот на предизвикот што Prima со оваа своја историска улога го поставила пред дизајнерите е најчистата елеганција што може да се оствари во материја; постигната со тенкото, издолжено, конусовидно тело – дизајн што доби специјално признание на GrandesignEtico наградите во 2012, годината кога Prima се појави на пазарот.

Поради силуетата што потсетува на стрела, елеганцијата на овој стилус зрачи и една посебна динамика, чувство на готовност кое само чека да се затегне лакот на креативноста на сопственикот.

Со Prima е означено и здружувањето под името Pininfarina Segno на водечката светска дизајнерска куќа Pininfarina и компанијата NapkinForever, врз база на истата пасија со која овие партнери трагаат по креативни таленти и иновации, и истата посветеност на квалитетот на италијанската рачна изработка.

Или, како што вели основачот на Napkin, Davide Fabi (кој е сега извршен директор на Pininfarina Segno):
„Pininfarina Segno е остварен сон. Иновативните технологии и мајсторството што низ годините ги развиваше мојата компанија, сега се споени со безвременскиот дизајн на Pininfarina.“

Prima, првата од колекцијата Pininfarina Segno, е целосно изработна од алуминиум, а достапна е во златна, сребрена, бронзена, бакарна, како и во боја на титаниум и на оксидирано железо.

За соодветно експонирање на нејзината елеганција, капачето на тубата во која се испорачува Prima има и изложбена функција.