Омилени 0

Идеи за матурски подароци од hArt.mk

heading_title

Матурирањето е една од големите пресвртници во животот, која секако е многу радосна, возбудлива, но истовремено и стресна. Зашто како за матурантката/матурантот, така и за нивните родители, овој премин во зрелото доба значи преплавеност со чувства, нови перспективи и соодветни исчекувања, организациски предизвици. 


Па, дури и ние - најголемиот дел од нас кои припаѓаме на блиските на славеничките семејства, во овој период чувствуваме извесен стрес. Истиот е поврзан со желбата да избереме подарок што убаво ќе сумира колку сме горди на успехот на матурантката/матурантот, што ќе направи да ја почувствуваат нашата поддршка и ќе им даде поттик за следни успеси пред влезот во новата фаза од животот. 

Тука hArt.mk може многу да помогне, со понудата на производи со премиум квалитет, што е императив на нашата внимателно спроведена селекција на врвно дизајнирани, иновативни, уникатни и практични производи.

Повелете неколку конкретни предлози, а многу повеќе ќе најдете на hart.mk...

-

Бразлетна ZEADES PETIT VOYAGE Rose RO

Со дезен инспириран од пирамидалните клинци што ги користеле производителите на кожни патнички куфери, оваа бразлетна алудира на нивните ателјеа и кани на патувања со маѓепсувачката комбинација од клинците Clous de Paris, австриски кристали и италијанска кожа. 

Машка бразлетна ZEADES TRINQUETTE 8DT AER

Од колекцијата AMARRAGE Sport инспирирана од морскиот свет. Исплетена од автентична италијанска кожа со темно сина, абоносова и црвена боја, со механизам за закопчување од нерѓосувачки челик.

Ланче ZEADES LIEN VOYAGE Pave RO

Ланче кое ги симболизира непоколебливите врски на вљубените, кои и кога се далеку еден од друг, остануваат неразделни. Стерлинг сребро 925 позлатено со 18-каратно розово злато, и бели австриски кристали AAA+.

Машка бразлетна ZEADES TANGON Abyss BL.

Од колекцијата Escale à Nice која се римува со релаксирано живеење евоцирајќи ја медитеранската панорама на Азурниот брег. Темно сина и црна автентична италијанска кожа, со робустен механизам за закопчување од нерѓосувачки челик 316L.

Обетки ZEADES BOURGEON Amaranth RO

Инспирирани од цветни пупки, а изработени од стерлинг сребро 925, позлатено со розево злато. Сензуалниот централен детал е од автентична италијанска кожа со боја на амарант, и е опкружен со автстриски кристали.

Бразлетна ZEADES A-MER-ELLE Rose RO-S

Името на оваа бразлетна е инспирирано од францускиот збор „amarre“ кој се однесува на јажињата со кои се закотвуваат бродови. Дизајнот е забавна и женствена интерпретација на морнарските јазли. Вклучува искрести кристали на двата краја од механизмот за закопчување, а сето е поврзано со јаженце од автентична италијанска кожа, завиткано и опшиено со посебна техника.

Pininfarina Cambiano

Топ модел во палетата на инструментите за пишување Pininfarina, со кој луксузот добива ново значење, отелотворен во престижен предмет со силен стилски идентитет. Во линијата Cambiano има модели со врв од металната легура Ethergraf, кои пишуваат речиси бесконечно без да се острат или надополнуваат, оставајќи трага како графитот, но со трајност како да е напишана со мастило. Тука се и моделите кои пишуваат како стандардните пенкала.

Pininfarina Forever Prima

Како што кажува неговото име – Prima (на италијански прв), овој инструмент е образецот од кој произлегува линијата стилуси на Pininfarina што пишуваат со Ethergraf, иновативната метална легура која остава трага како графитот, но неизбришлива како да е напишана со мастило. Овој инструмент за пишување е достапен во повеќе бои.

Pininfarina PF TWO Maserati

Престижноста на ова пенкало, неговиот моќен стилски идентитет, паѓаат в очи при првиот поглед на полноќно синото тело на кое совршено прилега култниот тризабец на Maserati. Веќе тактилното искуство дава увид и во неговата леснотија, ергономичност, беспрекорна детализираност, постигнати со микромеханичка изведба во алуминиум. Дел од официјалната Maserati колекција додатоци.

Pininfarina Piuma INK ITALIAN BEAUTY

Препознатливиот инструмент за пишување Piuma, целосно изработен од дрво, со динамичен облик кој потсетува на гускино перо, а инспириран од студиите за летањето на Леонардо да Винчи, Pininfarina го преоблекува во својата нова колекција ITALIAN BEAUTY, креирана врз база на делата на исклучителниот дизајнер Фраческо Корни, кој цел живот творел со неисцрпна инспирација од убавината на италијанските градови. Pininfarina се надоврзува на визијата на дизајнерот со умешен избор на бои, по една за секој од градовите застапени во колекцијата ITALIAN BEAUTY, создавајќи од кутијата на Piuma ново уметничко дело.

Аксесоар за картички Pininfarina FOLIO (carbon)

Префинета Напа кожа со рачно шиени шевови, засилена на делот најизложен на триење со кожа со карбонска текстура. Аксесоарите од линијата FOLIO, дизајнирани со бескомромисноста на Pininfarina, се замислени да го дополнат карактерот и елеганцијата на вашиот изглед. Конкретниот модел е опремен со анти-RFID технологија за блокирање на електромагнетниот сигнал од вашите картички.

Машки паричник Pininfarina FOLIO 8C

Дизајн на Pininfarina одреден за италијанска рачна изработка од врвни материјали, меѓу кои доминира префинетата Напа кожа. Деталите го раскажуваат патот на истражувањето до точката каде што естетиката и функционалноста стануваат едно. И овој модел е опремен со анти-RFID технологија за блокирање на електромагнетниот сигнал од вашите картички.