Омилени 0

Pininfarina PF TWO: Maserati искуство при движењето на мислата до целната рамнина

heading_title

Одвај неколку имиња можат да се пофалат дека во светот на автомобилскиот дизајн звучат респектабилно како Pininfarina, над 90-годишната компанија која ги креирала некои од најиконичните автомобили во историјата. Во оваа историја на формирање на визуелниот идентитет на многу легендарни автомобилски брендови, посебно место има соработката која добила статус на сојуз, меѓу Pininfarina и луксузниот бренд чиј заштитен знак е култниот тризабец, Maserati.

Поводот по кој пред 75 години (во 1947) браќата Maserati првпат се обратиле до Pininfarina, била желбата да ги валоризираат своите тридецениски спортски достигнувања, со создавање патнички автомобили со врвни перформанси. Резултатот е првиот сериски произведен Maserati, A6 1500 Coupé, дизајниран од Pininfarina.

Од овој прекрасен Maserati A6 1500 (произведен во само 60 примероци меѓу 1947 и 1951, некои од нив кабриолети), потоа е развиена верзијата A6G 2000 (која и денес се памети како ремек-дело пред своето време), а во 1953 се појавил и моделот A6 GCS…

                Првиот прототип на Maserati A6 1500                                          Maserati A6GCS/53     

Новата фаза од историската соработка на Pininfarina и Maserati, која е посоодветно да се нарече синергија, почна во 2003, со новата, Pininfarina визија за Quattroporte, важниот елемент во продукцијата на Maserati уште од 1963 година. Моментумот го означи клучниот чекор од импресивната преродба на брендот со тризабец.

Во 2005 е претставен и Birdcage 75th (со прекар „ренесанса на автомобилскиот дизајн“), со кој Pininfarina и Maserati го оживеаја митот за автомобилот од соништата, преку синтеза на визиите на двете компании. Се работи за хај-тек скулптура која евоцира идни контексти, имагинарни, но можни, без да отстапи од препознатливоста на она што е суштински Maserati.

Во 2007 е претставен Maserati GranTurismo како следно поглавје од соработката; автомобилот кој е генијален спој на мека, флуидна скулптура, со остри, аглести детали; односно најекстремна пројава на луксуз на четири тркала.

Веќе во 2009 дебитира и новиот кабриолет, GranCabrio, со кој се комплетира понудата на Maserati со три семејства модели – лимузина, купе и кабриолет, сите дизајнирани од Pininfarina: Quattroporte, GranTurismo и GranCabrio…


                                   Birdcage 75th                                                            Maserati GranTurismo

Овој сојуз, изграден на традиционално споделуваните вредности меѓу Maserati и Pininfarina, произлезени од императивите на повикот за извонредност што ги одликува двата бренда, секако продолжи и во новиот проект на водечката светска дизајнерска куќа, колекцијата инструменти за пишување Pininfarina Segno.

Ако Maserati одважно и кредибилно порачува: „Постоиме за да ги движиме оние кои го движат светот“, одговорот на Pininfarina Segno почнува со прашањето: Каков би требало да биде инструментот за пишување што ќе понуди Maserati искуство при оживувањето на човечката мисла; при нејзиното движење од умот и срцето до хартијата… и понатаму?

А веројатно никој не се се сомнева во способноста на Pininfarina да ја исцрпи есенцијата на брендот за кој дизајнира, во естетско-функционална концепција која ја допира границата на можното.

Кај инструментите за пишување Pininfarina Segno инспирирани од Maserati, прегледен пример за кажаното е пенкалото Pininfarina PF TWO Maserati.


Престижноста на овој предмет, неговиот моќен стилски идентитет, паѓаат в очи при првиот поглед на полноќно синото тело на кое совршено прилега култниот тризабец. Веќе тактилното искуство дава увид и во неговата леснотија, ергономичност, беспрекорна детализираност, постигнати со микромеханичка изведба во алуминиум.

Од Maserati и не очекувале помалку: не уште едно пенкало украсено со тризабец, туку вистинско Maserati искуство при движењето на мислата, до медиумот, до целната рамнина…