Омилени 0

Експертиза на совршенството кај инструментите за пишување

heading_title

Љубителите на пенкала почетокот на поимањето на инструментите за пишување како уметнички објекти го поврзуваат со првата италијанска мануфактура за налив пера, Montegrappa. Компанијата во семејна сопственост, од Басано дел Грапа, ваквата репутација ја добила постојано поместувајќи ги креативните граници при дизајнирањето на своите производи, додека истовремено ги усвојува новите технологии што овозможуваат уметничката имагинација да се реализира без компромис во однос на механичката, функционална брилијантност на инструментот за пишување.

Или, како што велат од самата Montegrappa: „Техничката извонредност е најмалку што заедницата ‘Монтеграписти’ заслужува. Кога креираме нов инструмент за пишување, она што нѐ поттикнува на сѐ посмели, понеобични креации, е имагинацијата на фантазерите, на визионерите, на нашите најизбирливи корисници.“

По повеќе од век усовршување и рафинирање на занаетот, Montegrappa, основана во 1912 година, го преводи и новиот бран на ентузијазам за безвременската технологија на префинетите инструменти за пишување.

Кога велиме безвременска технологија, имаме предвид дека во науката која стои зад пишувањето сѐ уште владеат традиционалните стандарди; кои, како што кажавме, се надградуваат со имплементација на нови технологии и идеи на креативци, кои, во случајот на Montegrappa, често се најдобрите во струката.

„Меѓу нашите уметници и занаетчии многумина се без конкуренција во нивните полиња на работа: гравирање плиток релјеф, метални одливи по восочни модели, сликарски минијатури, емајлирање…“, велат од Montegrappa.

А суперлативите за секој аспект од овие инструменти не се однесуваат само на најимагинативните креации на Montegrappa; туку секој производ што излегол од мануфактурата во Басано дел Грапа бил предмет на највисоко ниво на знаење и внимание.

Montegrappa посветено ја продолжува традицијата на италијанскиот дизајн, чии заштитни знаци се чувството за нијанса и флуидноста, негувајќи го своето потекло од благородниците во светот на естетиката со изборот на материјалите, инженерската прецизност и занаетчиското мајсторство; за да може кредибилно да гарантира дека нејзините инструменти ќе траат доживотно.

И можеби само случајно многу од најдрагоцените материјали на планетата се воедно најпогодни за употреба во уметноста на пишувањето. Покрај креациите од сребро, злато и останати благородни материјали, Montegrappa е иноватор во користењето на ценетиот и сѐ поредок целулоид или на артизанските смоли со органски текстури кои се целосно развиени во погони на мануфактурата, за да се избегне цената што би ја платила животната средина при користење на индустриски смоли.

Сето од кажаното досега, за ‘Монтеграпистот’ секако не се исцрпува во чинот на пишување. Предметите кои најмногу ги цениме се оние кои ги чувствуваме како наши продолжетоци; како изрази на нашата личност.