Омилени 0

Montegrappa Hemingway: The Adventurer – инструмент за пишување со кој авантурите добиваат луксузен вкус

heading_title

Ако е случајно, тогаш е неверојатно среќно спонтаното историско поврзување на еден од најголемите писатели на дваесеттиот век, Ернест Хемингвеј, со италијанската куќа на врвни инструменти за пишување, Montegrappa.

Ова збратимување почнало во далечната 1918 година, кога тогаш младиот писател, во служба на американскиот Црвен крст во текот на Првата светска војна, бил стациониран на истиот имот каде што била и фабриката на Montegrappa.

Тоа е годината кога се случила и последната, трета битка за Монте Грапа, планината во чие подножје се наоѓа градот Басано дел Грапа, родното место на Montegrappa. Оваа битка и останатото доживеано во овој живописен италијански регион биле искуство што го обликувало идниот нобеловец и пулицеровец, и го инспирирало неговиот роман „Збогум на оружјето“ (1929).

Оттука и историјата ги памети овие длабоки врски на Хемингвеј со родниот крај на брендот Montegrappa, во чиј дух е вграден интегритетот и смелоста на животот на големиот писател, што во значајна мера го одредило начинот на кој во Басано дел Грапа размислуваат и се посветуваат на изработката на инструментите за пишување.

Montergappa од 2016 година соработува со семејството на Ернест Хемингвеј истражувајќи ги многуте слоеви од животот на легендарниот писател. А тешко дека нешто може посоодветно да ја долови суштината на неповторливата личност и писателот Хемингвеј, како врвниот инструмент за пишување.

Инструментот на кој го посветуваме овој текст е дел од оваа синергија; и е дизајниран имајќи го предвид познатиот цитат од Хемингвеј: „За да пишуваш за животот, прво мора да го живееш“.

Лимитираната едиција „Montegrappa Hemingway: The Adventurer“, му оддава почит на едно од клучните поглавја од животот на нобеловецот: неговите патувања низ Африка, кои се предмет на легенди, а ги поставиле темелите на модерните идеали за сафари авантурите.



Целиот инструмент е изработен од сребро и е исполнет со детали од африканската иконографија, кои алудираат на познатиот автобиографски сафари извештај на писателот, „Зелените ридови на Африка“ (1935). На микробрусените сегменти од капачето и телото на пенкалото, ефектно се спојуваат африкански племенски шари со величествени мотиви од тамошните диви животни.

Јасно, „Montegrappa Hemingway: The Adventurer“, е инструмент за пишување кој треба да се доживее; за да не може да му се одолее на неговиот повик за авантура и романтично поимање на патувањата.